Уште една смена во врвот на украинската армија

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот, по разрешувањето на Серхи Шаптала.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен поединец кој ги разбира задачите на оваа војна и целите на Украина“, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека именувањето е извршено по препорака на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Сирски беше назначен во четвртокот, откако Валери Залужни беше разрешен од таа функција.

Во таа прилика Зеленски додаде дека раководењето со украинската армија го презема нов тим.

„Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдијевка и Генералштабот“, рече во четвртокот украинскиот претседател.

Во 2020 година, Зеленски ја воведе новата функција врховен командант на вооружените сили, покрај досегашната позиција началник на Генералштабот.

До таа промена, началникот на Генералштабот беше врховен командант на украинската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…

Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

(Видео) Нов украински напад на руска територија,…

Нападот со беспилотни летала изведен во текот…