Објавено на:

Уште една трагедија: Почина украинска новинарка на Фокс Њуз

t

Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз, загина во истиот инцидент во кој животот го загуби снимателот телевизијата Пјер Закржевски, објави американската телевизиска мрежа.

Олександра Саша Кувшинова (24), која работела како независен консултант за Фокс њуз, загинала заедно со снимателот Закржевски, откако нивното возило било погодено во вкрстен оган, објави денеска американската ТВ мрежа на својата веб-страница.

„Таа беше неверојатно талентирана и помина неколку недели работејќи директно со целиот наш тим таму… за да му покаже на светот што се случува во нејзината татковина“, објави Фокс њуз.

Во соопштението се наведува дека Закржевски бил во тимот со новинарот на Фокс њуз Бенџамин Хол во моментот на инцидентот кога биле нападнати во близина на украинската престолнина Киев.

Новинарот Хол е повреден и ќе остане во болница, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти приведоа руско-американска новинарка од Радио…

Таа станува втората американска новинарка приведена во…

Уште една трагедија: Почина украинска новинарка на…

Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз,…

(Видео) Позната новинарка yaпсeна поради нaвреда на…

Познатата турска новинарка Седеф Кабас е протворена…