Уште една цел остварена: Русија ја ликвидираше браната што спречува доток на вода во Крим

Експерти од Министерството за одбрана на Русија ја ликвидираа бетонската брана што беше изградена на територијата на регионот Керсон во 2014 година со цел да се спречи дотекот на вода во Крим преку каналот Северен Крим, изјави за Спутник лидерот на Крим Сергеј Аксјонов.
„Нашата армија ја уништи браната што ја изградија нацистите, која го блокираше каналот Северен Крим“, рече Аксјонов.
Како што рече, продолжува работата за воспоставување на доток на вода од Днепар до Крим.
Да потсетиме, Украина претходно обезбедуваше 85 отсто од водата за Крим преку каналот Северен Крим, но по припојувањето на Крим кон Русија, тие еднострано го прекинаа водоснабдувањето и изградија брана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…