Уште епидемија од варичела ни требаше: Дете со овчи сипаници примено во Клиниката за детски болести во Скопје, имало контакт со бебиња!
Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници вчера било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.
Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.
Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.
Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот.
Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.
Инфомакс побара одговори од Клиниката за детски болести но оттаму се’ уште не добивме соодветен одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Алармантен пораст на случаите на сипаници во…
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…
ЦДЦ: Украинците носат резистентни болеси во Европа
Бактериски резистентни инфекции кои се регистрирани на…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…