Уште ова ни фали: Матичните лекари ќе ги затворат амбулантите од 1 јули?!
Или исполнување на барањата и повеќе пари на сметка или од 1 септември матичните ќе ги затворат ординациите на неодредено време. Последен крик на лекарите од примарното здравство, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова во изјава за Сител, упатувајќи апел до здравствените власти да не дозволат пациентите да останат без нивните доктори.
-Приватното примарно здравство можам да кажам го упатува последниот крик за излез од овие проблеми. Доколку ништо не се реши, според барањата на иколегите на 1 септември најверојатн она една недела нема да работат ординациите се до исполнување на нашите барања. Колеги до Управен постојано пишуваат како може оние од матичните книги за евиденција да не работат и постигнаа договор, наставниците не работеа и постигнаа договор, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Дервишова вели дека не сакаат на овој начин да прават притисок за решавање на работите, но ќе немаат друг избор бидејќи работите со месеци тапкаат во место. Ниту преговараат работните групи, а со ребалансот на буџетот нема дополнителни финасии за примарниот здравствен сектор.
-Нема ништо поместено. А трошоците растат, сега слушаме и струјата ќе поскапи, храната, горивото..лекарите се прегорени и мора да се најде решение и примасрно да бидат нашите барања, вели Чолакова.
Поголема капитација, евентуално воведување на минимална партиципација за одење кај матичен, пациенти на ПЗУ, регулирање на електронск ирецепт се само дел од барањата на примарното приватн оздравство кои во април имаа и протест пред МЗ.
Ќе има ли решение од Министерството за здравство добивме краток одговор дека се уште се во фаза на преговори и правење на анализи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден откри кога би се повлекол од…
Во последните недели, се поголем број демократи…
Хорор во Нов Зеланд: Лекарите заборавиле инструмент…
Жена од Нов Зеланд 18 месеци по…
Нови детали: Лекарите се борат за животите…
Три од четирите деца кои со „форд…
Клиничкиот центар остана без десетици лекари
Лекарите и другиот медицински персонал во Клиничкиот…
Здравството нема да преживее ако лекарите се…
Професорката Марија Ралева од Катедрата за психијатрија…