Уште се трага по чичко Томе, пријавете доколку го забележите!

t

Денес е веќе четврти ден како осумдесет и пет годишниот Томе Божиновски од Тафталиџе, го нема. Семејството на социјалните мрежи очајно бара помош за негово пронаоѓање.

„ТАТО КАДЕ СИ?

Помогнете ми да го најдеме, веќе три дена го нема татко ми. Се бара насекаде. Влае, Ѓорче, Карпош, Капиштец, Центар…Секаде може да биде. веќе три дена е без храна и сам. Ве молам помогнете. Секоја информација е важна. Ако го приметите не го оставајте, запрете го, згрижете го и јавете се на телефон 077633742 или во полиција на 192“ се вели во апелот од неговата ќерка.

Инаку Томе боледува од деменција, а последен пат бил виден пред четири дена кај Соборниот храм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ