Уште тоа ни требаше: Зголемување на цените на лековите од март
Уште поголемо поскапување на цените на лековите се очекува од 1 март. Зголемувањето ќе влијае на категоријата лекови кои се земаат без рецепт, а не на оние кои се дел од позитивната листа, објавува Алсат-М.
Од Здружението на фармацевти велат дека од пандемијата досега, десетици лекови забележале зголемување од најмалку 20%.
„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“, рече Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти.
Во една ваква ситуација, многу граѓани не можат да си дозволат да ги купат потребните лекарства.
„Лековите се многу скапи и не чинат. Ги користиме, а немаат ефект. Ние трошиме многу месечно. Трошиме најмалку 4.000-5.000. За срце, за притисок, за што уште не и многу се скапи. Не можеме да живееме без нив. Дали плаќате приватно или преку Фондот? Приватно сè бидејќи ги нема на листата на Фондот. Докторите ни препишуваат нешто што го нема на рецепт. Катастрофа, пензијата ни оди за лекови“, рече еден граѓанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…