Објавено на:

Уште тројца повредени од Кочани ќе продолжат да се лекуваат во Турција

t

Турција продолжува да ја поддржува Северна Македонија со цел на зараснување на раните по трагичниот пожар кој на 16 март 2025 се случи во Кочани. Откако дента на 16 март деветмина ранети кои беа во тешка состојба беа испратени во Турција за лекување, по барање на надлежните власти на Северна Македонија денес (20 март 2025) уште тројца млади македонци кои беа меѓу ранетите во трагичниот настан во Кочани со авион се пренесоа во болницата Чам и Сакура во Истанбул, Турција. Амбасадорот на Република Турција во Скопје Фатих Улусој ги придружи ранетите на Меѓунариодниот Аеродром при нивното заминување од Скопје.

Актуелно во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени, од кои шестмина се
во болницата Чам и Сакура во Истанбул, додека другите шестмина во болницата Билкент Шехир во Анкара.

И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ
Мехмет Кемал Бозај изрази сочуство до целиот народ на Северна Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани.

Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата “Across the Ballkans” емитувана во TRT World се осврна на трагичниот настан кој ја трогна Северна Македонија и изрази сочуство. Бозај воедно при споменатото интервју даде осврт и за ставот на Туркије во врска со случувањата во Босна и Херцеговина и контактите на турската страна во насока
на постигнување решение преку дипломатски заложби.

„Како земји од регионот континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се
сеќавате, Северна Македонија по разорниот земјотрес кој ја погоди нашата земја во 2023 година испрати тимови за спасување. Така и ние веднаш по овој трагичен настан испративме авиони и 9 државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Турција за лекување. Во оваа прилика уште еднаш изразувам длабоко сочуство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите“, рече Бозај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште тројца повредени од Кочани ќе продолжат…

Турција продолжува да ја поддржува Северна Македонија…

Странските медиуми со директен проенос од погребот…

И покрај повикот од надлежните во Македонија…

На плоштад „Македонија“ скопјани им оддаваат почит…

Во Скопје денеска се оддава почит за…

Екипата на Инфомакс е во Кочани, оддадовме…

Екипата на Инфомакс е во Кочани. Оддадовме…

Во Турција уапсени 37 лица поради објави…

Триеесет и седум лица се приведени во…