УЈП предупредува: Не отворајте лажни СМС пораки во име на УЈП и не давајте лични податоци

t

Управата за јавни приходи ги потврди информации дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница – https: ujp-gov.mk/potvrda. Од оваа институција апелираат никако да не се отвора оваа лажна веб-страница, бидејќи се бара отркивање на многу важни лични податоци.

-Никако не ја отворајте оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас се бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта – стои во соопштението од УЈП до граѓаните.

Од институцијата советуваат и дека споделувањето на личните податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.

-Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба – потенцираа од УЈП.

Последниве години граѓаните се затрупани со лажни веб-страници на кои преку нудење на разни наградни игри или известувања дека сте добитник на скап телефон, од нив се бара да остават лични податоци, броеви од картички, од кои потоа им се извелкуваат големи суми на пари.

-Заканите на интернет се како грабливци во џунглата – никогаш не знаете каде се кријат и од каде ќе нападнат. Токму затоа треба да бидете свесни дека чудните шарени и светкави известувања коишто ви нудат некаква лукративна награда во замена за вашите лични податоци се, всушност,интернет измами. Иако повеќeто од нас се свесни за ваквите измами, сепак можеме да подлегнеме на искушението коешто стои зад изјавите како „Вие сте добитник на 1 милион денари“ и да ги споделиме своите податоци, состојбата на сметката или дури и одредена сума пари којашто овозможува да се „продолжи кон подигнување на добивката“ – советуваше неодамна  „Смарт портал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници

Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…

УЈП ја објави најновата Листа на должници…

Управата за јавни приходи ја објави Листата…

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…