УЈП со вaжно известување за сите

t

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници да поднесат даночни пријави за Данокот на додадена вредност (ДДВ) за јули годинава и порачува дека очекува вкупно 7.407 даночни обврзници да ја исполнат оваа обврска.

„ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26 август во понеделник“, посочуваат од УЈП.

Управата им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави, туку да поднесат што поскоро со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.

Од УЈП посочуваат дека досега најмногу пријави се поднесени од обврзниците од Тетово, а најмалку од Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина го нападна регионот Кинбурн кој е…

Украинските специјални сили денеска го нападнаа регионот…

УЈП со вaжно известување за сите

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува…

Полицијата ги предупреди граѓаните пред протестот во…

Министерството за внатрешни работи на Србија и…

Полска против исклучувањето на Унгарија од Шенген…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава…

СЗО: Повеќе од 200 светски научници открија…

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела ја…