УЈП тврди: Нема двојно оданочување на приходите остварени во странство
Нема двојно оданочување на приходите остварени во странство, уверуваат од Управата за јавни приходи. Директорката на УЈП, Елена Петрова, денеска на прес-конференција изјави дека граѓаните кои платиле данок во странство можат да достават валидни докази, по што ќе се направи корекција на нивните даночни обврски.
,,Не може да има двојно оданочување, бидејќи и Законот за персонален данок на доход и меѓународните договори со земјите со кои имаме склучено договори, обезбедуваат механизми за спречување на двојното оданочување. Во исто време, тие спречуваат и двојно ослободување, односно данокот да не биде платен во ниту една земја , но исто така спречуваат да нема ниту двојно ослободување, односно данокот да не биде платен во ниту една земја. Свесни сме за реакциите на граѓаните и тука би сакала да додадам јасно дека УЈП постапува строго согласно законот и строго го почитуваше законскиот рок кои што даночните решенија за 2020 година мора да бидат донесени до крајот на 2025 година.“, рече Петрова
Петрова потенцираше дека ќе бидат земени во предвид сите докази и согласно договорт да се види каде треба да се плати данок а каде треба да се изврши поврат.
,,Граѓаните кои што платиле данок во странство и сега постапиле и платиле по даночните решенија, секако ќе бидат земени во предвид сите докази и ќе се утврди согласно, договорот доколку со земјата имаме склучено мегународен договор, каде треба да се плати данокот а каде треба да се изврши поврат.“, вели Петрова
Од УЈП и понатаму апелираат граѓаните навремено да ги пријавуваат доходите остварени во странство и да ги чуваат потребните докази, со цел да ги користат правата за даночен кредит или поврат и да избегнат идни недоразбирања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП тврди: Нема двојно оданочување на приходите…
Нема двојно оданочување на приходите остварени во…
Тошковски размислува за построги казни за пиротхника,…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на…
Родригез: Време е за односи меѓу Венецуела…
Венецуелската потпретседателка Делси Родригез, која ја врши…
„Телеграф“: Предавството на Мадуро е договорено во…
Во хотелска соба во Доха, на 12.000…
Во недела избори во четири општини
Државната изборна комисија ги заокружува подготовките за…