УЈП ќе ги контролира градежниците, ќе се гледаат договорите со нереални цени на становите

t

Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово, велат од УЈП

Управата за јавни приходи започнува и со спроведување на даночни контроли кај градежниците во однос на продажба на објекти по истекот на пет години од нивната изградба, а ќе се контролираат и договори со нереално ниска продажна вредност, непријавените вработувања и ангажмани, значителните разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба, издавањето фактури без прибелешки во јавните книги, како и неправилната примена на механизмот за пренос на даночна обврска. Овие контроли се посочени утврдени потенцијални ризични состојби во секторот, додаваат од УЈП.

-Целта на овие контроли е откривање и санкционирање на даночни неправилности, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот – велат од Управата.

Управата за јавни приходи потсетува дека, согласно важечките законски прописи, првиот промет на станови во рок од пет години по изградбата подлежи на оданочување со повластена стапка на ДДВ од 5%. По истекот на пет години, прометот е ослободен од ДДВ, но без право на одбивка на влезниот данок, што подразбира обврска за корекција кај обврзниците кои претходно го одбиле истиот. Управата веќе доставила 318 персонализирани известувања до таргетирани даночни обврзници од градежниот сектор, со кои ги повикува да извршат корекција на одбивката на влезниот данок на додадена вредност (ДДВ) во вакви случаи.

-Оваа мерка има превентивен карактер и овозможува усогласување со законските обврски, за да се избегнат санкции и дополнителна постапки за контрола – посочуваат од УЈП.

Согласно „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, а според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово. Во изминатиот период, УЈП реализираше повеќе активности и едукативни средби со даночните обврзници од градежниот сектор, со фокус на правилна примена на даночните прописи.

-Апелираме до сите градежни компании и инвеститори да ги прегледаат своите финансиски и даночни практики и да обезбедат усогласеност со законските прописи. Доброволното даночно усогласено работење придонесува за фер конкуренција, заштита на буџетот и јавниот интерес – велат од Управата.

Според анализите на Народната банка, половината од прометот со станови се остварува со готовина, што создава притисок врз побарувачката и дополнително ги зголемува цените. Затоа, Народната банка планира, во соработка со банките, да ги анализира и да предложи мерки, притоа внимавајќи на стабилноста на банкарскиот сектор. Според податоците на Народната банка од вториот квартал, цените на становите во изминатите 12 месеци се зголемени за дури 22,3 проценти.

-Од она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме, има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка – изјави неодамна Славески.

Во споредба со 2021 година, според податоците на Народната банка, за четири години, квадратот поскапел за дури 75 проценти. Од друга страна, илјадници станови во Скопје зјаат празни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП ќе ги контролира градежниците, ќе се…

Според направените анализи, овој сектор е идентификуван…

УЈП на терен – казнети 66 фирми…

Во периодот од 28 јули до 03…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

Вработен во УЈП Тетово му дојавувал на…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50)…

(Видео) Тошковски вртеше како „киша око Крагујевца“:…

Вчера објавивте соопштение дека полицијата затворила два…