„Фактор“: Адвокатот Серјожа Марков ќе собира опасен отпад кај топилницата „Скопски легури“?

Серјожа Марков, адвокат познат во јавноста како близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и до поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, основал фирма за собирање опасен отпад во кругот на „Скопски легури“, производителот на фероникел, кој не работи 13 години, во комплексот „Рудници и Железарница“ во Гази Баба, пишува „Фактор“.
Познатиот скопски адвокат ја основал „Хемо Сервисис“ заедно со Тијана Бамболи Делевска, а за управители се назначени Димитар Делевски и Зоран Никитовиќ од Бар, Црна Гора. Адресата од февруари, по еден месец од регистрацијата, е променета и се наоѓа на 16-та македонска бригада 18, Гази Баба, каде што е и топилницата.
На истата адреса на почетокот на оваа година формирана е нова компанија „Скопскилегури Аллојс“ со главнина од 22 милиони евра. Директор е Украинецот Денис Корнијенко, а сопствениците се од Обединетото Кралство. Во истиот период на истата адреса со „Скопскилегури Аллојс“ е основана уште една компанија – „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“. Сопственик и управител е албанскиот бизнисмен Башким Прогри, кој во Елбасан ја поседува „Карбон Плант“ за производство на паста за електроди за металуршката индустрија за феролегури како фероникел, феросицилиум, фероманган и ферохром. Останати двајца косопственици во „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“ се Сергеј Дроздов и Андриј Хорбатенко од Украина. Официјалната дејност е трговија со отпадоци и остатоци.
Инаку сопругата на Марков, Аделина Тахири, најмалку два пати беше забележана во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ додека партијата беше во опозиција. Пејачката беше во непосредна блзиина до самото раководство.
Од она што е познато е тоа дека „Скопски легури“ имаат поднесено барање до Министерството за животна средина за А-интегрирана дозвола за работа во која пишува дека се планира месечно производство од вупно 6.500 тони феросиликоманган и фероманган. Барањето е поднесено поради „пуштање Инсталација во работа после застој“.
ЛИНК до целиот текст на Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гардијан: Нуклеарна централа во Велика Британија „протече“…
Безбедносните прашања во Селафилд доведоа до тензии…
(Фото) Нуркачи го чистеа Охридското Езеро: Извадена…
Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид организираше голема…
Секој жител на Македонија лани создал 467…
Вкупното количество на создаден комунален отпад во…
Исчистени големи количини отпад во просторот под…
Од Град Скопје информираат дека во просторот…