Фамозната „жешка линија“ меѓу САД и Русија е сè уште активна
Фамозната „жешка линија“меѓу САД и Русија е сè уште активна, а високи функционери на двете земји разговараат во последните денови, изјави помошникот на американскиот претседател за национална безбедност Џек Саливан во интервју за NBC.
„Ние внимателно ја чуваме доверливоста на прашањата поврзани со времето и содржината на нашите разговори со руската влада, Кремљ. Но, одговорот на вашето прашање (дали постои „жешка линија“ меѓу САД и Руската Федерација) е – да“, рече Саливан.
„Да, ние имаме можност да разговараме директно на високо ниво, јасно да ги испраќаме нашите сигнали до нив и да ги примаме нивните сигнали, што често се случуваше во последните месеци, па дури и во последните денови“, додаде помошникот на американскиот претседател.
Тој посочи дека Вашингтон на највисоко ниво и порачал на Москва дека последиците од употребата на нуклеарно оружје ќе имаат катастрофални последици – Вашингтон одлучно ќе одговори.
На 20 јуни 1963 година беше воспоставен познатиот „црвен телефон“, директна линија меѓу претседателите на САД и СССР, која требаше да им помогне на Вашингтон и Москва полесно и побрзо да ги решат споровите. Иако никогаш не беше телефон туку најпрвин телеграфска линија, сепак црвениот телефон стана симбол за линијата.
Овој комуникациски систем беше дизајниран по крајот на кубанската ракетна криза, откако на Американците им требаа дури 12 часа да ја дешифрираат пораката што Никита Хрушчов му ја испрати на Џон Кенеди. Многу митови се поврзани со оваа линија, но вистината е дека судбината на целиот свет била обликувана над неа и дека лидерите на двете сили ја користеле за итни разговори за време на Студената војна.
„Црвениот телефон“ работеше со полн интензитет во првите денови од арапско-израелската војна во 1967 година, за време на шестдневната војна на Израел против Египет, Сирија и Јордан.
Во почетокот, оваа линија не беше директна – врската беше воспоставена преку кабел што се протегаше преку дното на Атлантикот, преку Лондон, Копенхаген, Стокхолм и Хелсинки, а дури од 1978 година преку меѓународни сателитски системи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…