Фатени две лица при купопродажба на дрога во Битола
Фатени две лица при купопродажба на дрога во Битола
На 04.08.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Д.(24) и В.М.(29), двајцата од Битола. Околу 19:00 тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за кој постои сомнение дека е предмет на кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатени две лица при купопродажба на дрога…
Фатени две лица при купопродажба на дрога…
Затворен граничниот премин Меџитлија, има пожар
АМСМ информира дека од 14:30 часот граничниот…
Обид за убиство во Битола: Му пришол…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Тинејџер од Битола со мотор без таблички…
Вчера рано утрото, 19-годишен битолчанец, кој возел…
Крадец вперил пушка во полицајци во битолско
Полицијата информира дека вчера полициски службеници од…