Фатени живи: Битолчани краделе нафта од машина во рудник

t

Полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола за кражба на нафта од работна машина од рудникот Брод-Гнеотино, информира Министерството за внатрешни работи.

„Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, што биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото“, додаваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протести против регионална депонија во Битола!

Граѓани од Битола, Могила и Новаци протестираат…

(Видео) Слушнете го детето кое е еден…

Искреноста на децата во светот на возрасните…

Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…

Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…

(Видео) Не издржа младост што сака да…

И во Битола, како и во многу…

(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…

Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…