Фатени крадците на 48 овци, осомничени се и за 20-тина други кражби

t

Полицијата лиши од слобода две лица од гостиварското село Добридол, под сомнение дека се сторители на дваесетина кражби, меѓу кои и последната кражба во штала во селото Градец кога беа одземени 48 овци.

Од СВР Тетово информираат дека вчера претпладне полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј. М. (18) и А.Д. (23).

Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток, наведува портпаралот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски

Според него, за Ј. М. и А.Д. постои основано сомнение дека се сторители и на кражбата извршена на 04.09.2023,кога од штала сопственост на А.А. (49) од гостиварски Градец се одземени 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Во текот на денот, двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар со соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…