Фатен по полициска потера: Турчин со рент-а-кар криумчарел Египјани низ Македонија
Полицијата од Гевгелија уапсила 26-годишен турски државјанин по потера, откако не се застана на полициски знак. На 12. април, околу 23.45 часот, при контролата на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полицијата го зауставила возилото марка „Киа Спортаж“, кое било во сопственост на рента кар компанија од Скопје.
Претресот на возилото открил шест мигранти од Египет кои се превезувале без документи. Турскиот државјанин, идентификуван како Б.О., бил приведен и предаден во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка. Мигрантите биле упатени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, каде што ќе се прими нивната документација и ќе им се обезбеди понатамошен статус.
За настанот е информиран и надлежниот јавен обвинител, а полицијата продолжува со истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…