Фатмир Етеми контра МВР: Мене ми е нарушен угледот и јас сум оштетен, ова е измислена пријава, се креира атмосфера на линч

t

Бизнисменот Фатмир Етеми, се огласи во јавноста откако вчера МВР поднесе пријава до Обвинителството за измама во македонска банка, против како што објавија, член на надзорен одбор. Етеми практично посочува дека пријава е против него, но негира дека направил било какви малверзации. Според него, целта е да се креира расположение за негов јавен линч.

„Во врска со вчерашната пријава поднесена од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, сакам да ја информирам јавноста дека станува збор за погрешно утврдена фактичка состојба со која надлежните институции и граѓаните се доведени во заблуда, а на мене лично ми е нанесена штета и нарушен угледот кој го градам години наназад во бизнис секторот и затоа најостро ги демантирам наводите по повод оваа измислена поднесена кривична пријава.

Бидејќи неточните информации пласирани во јавноста имаат цел да го моделираат јавното мислење и однапред да креираат атмосфера на линч, уште пред да стигне пријавата во ЈО, се чувствувам обврзан да ја презентирам вистината и целиот случај да го објаснам до детал.

Формално правно не постои никакво прекршување на законот на Кривичниот законик, Законот за хартии од вредност и правилници и акти донесени од Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза.

Сакам јасно да кажам дека нема апсолутно никаков основ за злоупотреба на внатрешни информации која се однесува со висината на дивидендата за 2023 година , бидејќи моето стекнување на 500 акции е речиси еден месец подоцна, откога висината на дивидендата за 2023 година е јавно објавена за целата јавност СЕИ Нет, Систем за електронски информации за котирани акционерски друштва на Македонска берза за хартии од вредност.

Имено, висината на дивидендата е јавно објавена на СЕИ Нет на ден 30.01.2024 во Програмата за мерки и активности на деловната политика и Финансиски план за 2024 година на банката , додека моето стекнување на акции е на крајот од месец февруари 2024 година. Дополнително и напротив од тврдењата дека акциите се стекнати по пониска цена, сакам да истакнам дека моето лично купување и купување на лица од моето потесно семејство е по далеку повисоки цени од берзанските цени кои биле во периодот после објавувањето на висината на дивидендата која е објавена во Финансиски план за 2024 година на банката објавен на 30.01.2024 се до моето стекнување на акции на на крајот од месец февруари 2024. Во овој меѓу период вкупно од страна на останати инвеститори и лица се стекнале и се истргувале повеќе од 17.000 акции од банката кои се количини на акции далеку поголеми и цени далеку пониски од моето стекнување на 500 акции на крајот од месец февруари 2024.

Сакам да истакнам и дека моето лично стекување на акции и купување на лица од моето потесно семејство е извршено во редовно класично тргување по цени кои биле берзански и пазарни на денот на моето купување врз основа на побарувачката и понудата на редовниот пазар на Македонката берза.

Сакам и да потенцирам дека не е основано тврдењето дека имам прибавено некаква противправна имотна корист со купувањето на акциите оваа година, бидејќи акциите кои ги купувам лично и акциите кои ги купува моето потесно семејство се купуваат континуирано и сукцесивно во изминатите 5-6 годни , истите акции се купуваат стратешки и долгорочно и немам извршено никаква продажба на акции за да имам прибавено некаква противправна имотна корист за мене или за моето семејство.

Сакам да ја запознаат и јавноста дека висината на дивидендата која е објавена во Финансискиот план за 2024 година на банката објавен на 30.01.2024 , Согласно Законот за трговски друштва требала да биде биде усвоена и е надлежност и предмет на финално одлучување и распределба од страна на Собранието на акционери одржано после 2 месеци од моето стекнување со акции.

На крај сакам да истакнам дека јас и мојата компанија имаме традиција на успешно работење во градежништво која во своето дваесетгодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото и целиот капитал го има инвестирано во земјата кои врз основа на тие активности се плаќаат огромен износ на јавни давачки и даноци кон државата а дополнително сме и во улога како една од најголемите општествено одговорни компании кои има, реализирани повеќе хуманитарни проекти и донации.

Без разлика на обидот некој однапред да изврши притисок врз органите на прогонот и да креира атмосфера на линч,со изнесување на невистинити информации за да ми се наштети на мојата репутација интегритет и кредибилитет на мене лично и на моето семејство верувам дека институциите ќе бидат на ниво на задачата, нема да подлегнат на притисоците и ќе одлучуваат исклучиво врз база на законите и прописите во земјата“, вели Фатмир Етеми во дописот.

Инаку, Етеми е познат по градежниот бизнис, но и како акционер во Комерцијална банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…

Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…

Со оглед на интересот на јавноста во…

Укинати забраните за тешки товарни возила на…

Од 13:00 часот се укинуваат забраните за…