Фајненшл Тајмс: Тaктикaтa и тренингот стојат позади неуспехот на украинската контраофанзива
Украинските трупи сметаат дека западните инструкции се неефективни н несоодветни, објави Фајненшл Тајмс.
Тренингот на украинската војска кој е организиран од САД и другите западни земји и нивните воени тактики не се соодветни за контраофанзивата против руските сили, објави медиумот, цитирајќи западни аналитичари и разни воени извори.
За сега украинската армија не ги постигнала зададените задачи да направи пробив на фронтот, кажа неименуван извор и додаде дека западните официјални лица мислат дека Киев не успеа да ги искористи можностите кои се појавија по масовната западна помош во оружје и во време на највисоката политичка поддршка од западот.
Некои официјални лица од САД приватно се жалеле дека украинските трупи не успеале за време на тренинзите да ги совладаат модерните западни оперативни тактики за комбинирани маневри на механизираната пешадија, артилерија и противвоздушна одбрана.
Поради сето ова украинските загуби од почетоккот на контраофанзивата биле огромни и стануваат неодржливи. Изворите тврдат дека петина од западната техника наменета за контраофанзивата била уништена само во првиот месец од нејзиниот почеток. Овие непланирани назадувања го принудиле Киев да ја смени тактиката и да се врати кон позиционата тактика на трошење без поголеми офанзивни маневри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…