Објавено на:

ФБИ: Кина може да ја загрози американската безбедност со ТикТок

t

Популарната социјална мрежа ТикТок е проблем за американската национална безбедност, им кажал Кристофер Реј, директорот на ФБИ, на претставниците на Конгресот вчера.

Федералното биро за истраги смета дека апликацијата, која е во сопственост на кинеска компанија, може да биде злоупотребена за манипулација на податоците на корисниците од САД, а со измени во алгоритмот за препорачување видеа би можеле да се спроведуваат „операции за мешање“ во американските избори, рече Реј во сведочењето пред Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом.

Апликацијата за куси видеа стана популарна во САД околу 2019 година и има 80 милиони месечни активни корисници во земјата и повеќе од една милијарда на глобално ниво – што значи дека речиси секој четврти Американец е активен на апликацијата. Загриженоста за приватноста што ја изразува Реј не е нова. Во 2020 година, тогашниот претседател Доналд Трамп неуспешно се обиде целосно да го затвори ТикТок.

Администрацијата на Бајден работи со кинеската компанија за таа да може да продолжи да функционира во САД, а евентуалниот договор може да го ревидира начинот на кој апликацијата ги складира податоците од американските корисници. Исто така, може да го пренасочи сообраќајот во САД преку Oracle Corporation, американска технолошка компанија, според Блумберг. ФБИ соопшти дека ја препратил загриженоста на Вреј до Комитетот за странски инвестиции, кој го разгледува потенцијалниот договор на Бајден, а Вреј им понудил да ги информира пратениците на оваа тема.

Републиканците Марко Рубио, сенатор од Флорида и Мајк Галагер, претставник од Висконсин, планираат да воведат закон за забрана на TikTok. Бидејќи TikTok е во сопственост на приватна компанија која не ги објавува своите финансиски информации, не е јасно како забраната на TikTok во САД ќе влијае на приходите на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…