ФБИ отвори истрага за иранските обиди за хакирање на кампањите на Трамп и на Харис
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека почна истрага дали ирански хакери упаднале во компјутери на поединци поврзани со кампањите на Доналд Трамп и на Камала Харис, објави „Си-Би-Ес Њуз“.
Во кратка изјава за телевизијата ФБИ потврди дека од почетокот на летото истражува наводи од кампањата на Трамп дека станале мета на ирански хакери. ФБИ одби да даде дополнителни коментари.
Од кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп во саботата изјавија дека тие биле хакирани и дека ирански актери биле вклучени во крадење и дистрибуција на чувствителни внатрешни документи.
Иако деталите што ги поврзуваат наводниот хакерски напад со Иран се оскудни, тврдењето следеше по објавувањето на новиот извештај на Мајкрософт, во кој се наведува случај во јуни кога единица на иранската воена разузнавачка служба испратила „фишинг електронска пошта“ до висок претставник на претседателска кампања од компромитирана електронски пошта на поранешен висок советник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ отвори истрага за иранските обиди за…
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа…
БАЛЕРИНА ВО РУСИЈА ДОНИРАЛА 50 ДОЛАРИ ЗА…
Судот во регионот на Уралските Планини во…
НЕ ФРЛАЈТЕ ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ВО ТОАЛЕТНА ШКОЛКА,…
Кожи и внатрешни органи од животни, камења,…
Девојче киднапирано од татко и во Црна…
Шестгодишното девојче, американски државјанин, кое било киднапирано…
Претседателката Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за…