ФБИ планирал да го убие Трамп? Американска конгресменка ја шокираше Америка и светот

t

Агентите на Федералното биро за истраги (ФБИ) и американското Министерство за правда планирале убиство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјави членот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес – Марџори Тејлор Грин.

– Министерството за правда и ФБИ планираа да го убијат Трамп и дадоа зелено светло за тоа. Што ќе направат републиканците во врска со тоа? – напиша таа на социјалните мрежи откако се појавија информации дека агенти на ФБИ, за време на претресот на резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида во 2022 година, носеле огнено оружје со себе и дека разузнавачките служби имале дозвола да го користат.

Самиот Трамп одговори на најавата дека ФБИ има дозвола да користи службено оружје, обвинувајќи го актуелниот американски лидер Џозеф Бајден.

– Сега со сигурност знаеме дека Џо Бајден е сериозна закана за демократијата. Тој е ментално неспособен да извршува функција – напиша поранешниот претседател на социјалните мрежи.

Од своја страна, претставник на специјалните служби рече дека „ФБИ го следеше стандардниот протокол во таа потрага, како што тоа го прави со сите налози за претрес кои вклучуваат стандардно правило за ограничување на употребата на смртоносна сила“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…