Февруари годинава ќе има 29 дена – што значи да си роден на таа дата?
Сигурно барем еднаш сте се запрашале како ли се чувствуваат луѓето родени на 29 февруари. Како ли е да славиш роденден само еднаш на 4 години? Сигурно тоа си има свои позитивни аспекти, особено за дамите – тие без грижа на совеста можат да излажат за вистинска возраст.
Во светот има околу 4 милиони луѓе, родени во последниот ден од февруари во престапна година. Тоа е еквивалентно на околу 0,0686% од населението на Земјата. Обично тие го слават својот роденден или претходниот ден, на 28 февруари, или на 1 март.
Специјалисти пресметале дека шансите да се родиш на Престапна година се приближно 1 на 1500. Многумина веруваат дека родените во Престапна година се избрани, среќни, различни од останатите. Обично се вели дека тие носат силна интуиција, имаат остар талент и способности. Често се слушаат и обратни предвидувања – дека родените на овој датум се осудени на лоша среќа. Често многу родители сакаат да го запишат како датумот на раѓање на детето од претходниот или следниот ден, за да можат да го од подат штенепријатностите предизвикани од посебниот ден.
Во Гинисовата книга можете да ја најдете историјата на норвешко семејство, поврзано на посебен начин со овој датум. Три од нивните деца се родени на 29 февруари во различни Престапни години.
Познати личности родени на 29 февруари, се Мел Гибсон, Сандра Булок, Кристина Агилера, Скарлет Јохансон, композиторот Джоакино Росини, актерот Џејмс Мичел, бугарскиот актер Христо Чешмеджиев.
На многу места во светот, а и кај нас, според традицијата, на овој ден и таа година која е престапна не се склучуваат бракови, не се купува имот, не се гради куќа…
Да си роден на 29 февруари е особен благослов предвидуваат и нумеролозите.
И причината е следнава: тоа е единствениот ден во годината, кој е надвор од времето и просторот, карактеристичен, постои на секоја четврта година, посебен се амо за избраници.
Родените на овој датум секогаш се одликуваат со невообичаено висока склоност кон креативност и уметноста. Од нив стануваат идеални актери, писатели, музичари. Овие личности имаат креативна акција, енергија и силно развиено шесто сетило.
Според нумерологија енергијата на 29-ти е 11. Оваа бројка е апотеоза на инспирацијата, алтернативниот поглед на сè што нè опкружува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…