Федералните агенти за имиграција убија маж во Минеаполис
Федералните агенти за имиграција на САД денеска застрелаа и убија маж во Минеаполис, поради што стотици демонстранти протестираа во градот кој веќе беше потресен од уште едно фатално засетрлување пред неколку недели. Деталите околу пукањето не беа веднаш јасни, но гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека лицето било застрелано за време на репресијата на администрацијата на Трамп против имиграцијата. Полицијата разјасни дека возраста на застреланиот маж е 37 години.
Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, апелираше за смиреност, и од јавноста и од федералните органи за спроведување на законот. О’Хара рече дека единствената претходна интеракција на убиениот човек со органите за спроведување на законот, колку што тој знае, била за сообраќајни казни.
„Веруваме дека тој е законски сопственик на оружје со дозвола за носење“, рече О’Хара. „Нашето барање денес е оние федерални агенции што работат во нашиот град да го сторат тоа со истата дисциплина, човечност и интегритет што ги бара ефикасното спроведување на законот во оваа земја“, рече шефот.Ги повикуваме сите да останат мирни. Свесни сме дека има многу гнев и многу прашања околу тоа што се случило, но ни требаат луѓе да останат мирни во областа“, рече О’Хара.
Пукањето се случило за време на широко распространетите дневни протести поради застрелувањето на 37-годишната Рене Гуд на 7 јануари, која беше убиена кога агент за имиграција и царинска контрола пукаше во нејзиното возило. Инцидентот денеска се случил скоро 2 колометри од местото каде што беше застрелана Гуд.
Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, ги повика демонстрантите кои се собраа на местото на пукањето да останат смирени и да ја напуштат областа.
„Ве молиме, не уништувајте го нашиот град“, рече тој на прес-конференција.
„Ова не е изолирано или случајно. Администрацијата на Трамп се обидува да нè натера да се покориме, наместо да нè заштити… Оваа администрација не може да продолжи да ги крши уставните права под маската на спроведување на имиграциските закони“, рече демократркиот пратеник Илхан Омар. „Агенцијата е надвор од контрола. Колку повеќе докази им требаат на моите републикански колеги во Минесота за да проговорат?“, рече демократескиот пратеник Анџи Крег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Федералните агенти за имиграција убија маж во…
Федералните агенти за имиграција на САД денеска застрелаа…
Нов инцидент со пукање од агент на…
Федерален агент застрела и рани маж во…