Ферстапен беше побрз од Леклер за петти триумф во Австрија
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен славеше и на трката за Големата награда на Австрија, откако заврши пред Шарл Леклер од Ферари и тимскиот колега Серхио Перез.
Возачот на Ред Бул по петти пат во кариерата славеше на „Ред Бул ринг“, па така оствари нов триумф, откако и вчера беше најбрз на спринтот.
На четвртото место заврши Карлос Саинц, иако имаше добар почеток на трката, но не му беше дозволено да го премине Леклер, додека петтата позиција му припадна на Ландо Норис.
Потоа следат Фернандо Алонсо од Астон Мартин, па Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, Пјер Гасли од Алпин и Ленс Строл од Астон Мартин.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…