Фестивалот „EXIT“ сепак не се сели во Скопје
Фестивалот „Егзит“ објави дека нема да се пресели во Скопје или Египет, а во моментов не постои можност за негово одржување во Србија поради ускратеното државно финансирање.
„Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија следната година, зашто поради нашата поддршка на студентските протести ускратено ни е целокупното државно кофинансирање на локално, покраинско и републичко ниво. Од истите причини, Егзит остана и без поддршката од главниот спонзор ‘мтс‘, и тоа по 22 години успешна соработка“, соопштија организаторите.
Тие додаваат дека фестивал од вакви размери не може да се организира во домашните економски рамки без поддршка од државата. Основачот и директор на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, истакна дека поради државна репресија фестивалот е принуден да ја напушти Србија, но дека добиле повици од целиот свет за нови дестинации за глобалната турнеја следната година.
„Фестивалот нема да се сели во Скопје“, нагласи Ковачевиќ, потсетувајќи дека Егзит е создаден пред 25 години како студентско движење за мир и слобода и дека не сакаат да се одржува во Србија каде се задушува слободата на говорот.
Меѓутоа, Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, преку објава на социјалните мрежи најави дека градот станува нова дестинација на „EXIT“:
„„EXIT“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ! Со огромно задоволство ве информирам дека со основачот на „EXIT“, г-дин Душан Ковачевиќ, разговаравме од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации. Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, напиша Ѓорѓиевски.
Со оваа најавa, Скопје се најавува како потенцијална нова точка за еден од најпознатите европски фестивали, што може да донесе голем туристички и културен импакт за градот и земјата.
ЧИТАЈ И ОВА:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фестивалот „EXIT“ сепак не се сели во…
Фестивалот „Егзит“ објави дека нема да се…
(Видео) Очигледен е стравот на Мицкоски од…
Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски…
Франција буди страв од нова должничка криза…
На пазарите има сѐ поголема нервоза меѓу…
Овој пат не падна од 7-ми: Руски…
Алексеј Синицин, извршен директор на компанијата за…
Се огласи Галетановски: Возилото е изгорено целосно,…
Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи…