Физички напад и кражба пред катна гаража во Скопје – обвинение за 40-годишник

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на  улицата  „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило.

Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци го удрил едниот оштетен во нозете, така што на оштетениот му испаднал мобилниот телефон. Осомничениот го одзел телефонот и се дал во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од околу 6.360 денари.

Поради ризикот од бегство и околностите кои укажуваат на можноста осомничениот да го повторува делото, особено имајќи предвид дека претходно повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички напад и кражба пред катна гаража…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

АФЖ Левица: Наместо да ги заштити отпуштените…

АФЖ Левица остро реагира на новиот бран…

Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини…

Од утре земјава и практично станува дел…

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна…

Поранешниот министер за одбрана на Црна Гора…

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки,…