Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

t

Претседателот на СДСМ одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8.

Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.

„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ – рече Филипче.

Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.

„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ – кажа Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЖАС: Маж допирал малолетничка во училишен двор…

Во Секторот за внатрешни работи – Велес…

Вистински егзодус: Во последните седум години бројот…

Пред почетокот на учебната година, во основните…

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со…

Претседателот на СДСМ одговараше на новинарски прашања…

Денеска не пропуштајте: Maнчестер Јунајтед-Ливерпул

Ливерпул е позрел тим од Манчестер Јунајтед…

(Видео) Ангелов: Пожарот на Водно е подметнат

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов за пожарот…