Филипче: Владата ги влоши односите со Бугарија и нема намера да го продолжи европскиот пат
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на крилја на предизборната кампања дека „интезивно ќе работат и ќе ја подобрат преговарачката позиција во однос на францускиот предлог“.
-Ветуваа некаква мудра политика и дека тие ќе направат подобра позиција од таа ние ја постигнавме. Сепак, гледаме само влошување на односите со соседите и ниту еден чекор во насока на обид да се направи нешто, во контекст на тоа што го ветуваа. Ако тоа им било дел од стратегијата, не знам што им е мудро во таквата политика. Сметам дека оваа влада не покажа никаква намера за да го продолжиме европскиот пат, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
Околу актуелните односи со Бугарија, лидерот на СДСМ вели дека како партија очекуваат час поскоро да продолжат сите неопходни чекори, со цел да ги почнеме преговорите со ЕУ.
-Тоа е обврска на Владата да направат се. Се што е гледаме е само влошување на односите со Бугарија и тоа не оди во прилог на националните интереси, додаде Филипче.
SDSMвенко филипче
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Владата ги влоши односите со Бугарија…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека…
БИРН: Србија годинава извезла оружје во Израел…
Водечката српска државна компанија за извоз на…
Практично се враќаат визите?! Од 10ти ноември…
Нови правила за влез во Европската Унија…
Град Скопје: Јавниот превоз функционира нормално и…
Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти…
Мицкоски не смее да писне: ВМРО нема…
За утрешната интерпелација за собранискиот спикер Гаши…