Филипче: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги турка граѓаните во сиромаштија – Имаат пад од близу 100 илјади гласови за само една година
После четири години од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, општините се запуштени, граѓаните разочарани – посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Радовиш. На средбата се разговараше за работата на локалната власт во изминатите четири години и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.
„Во Радовиш прошетав на плоштадот – страшно и жално е колку еден среден град, каков што беше порано, сега е запуштен и задушен во смет. Инфраструктурата, улиците, чистотата – тоа се клучните индикатори колку градската власт се грижи за граѓаните и за градот. Тука во Радовиш, како и во многу други општини каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници, гледаме целосна негрижа, неспособност и отсуство на визија“, рече Филипче.
Тој нагласи дека колку и да се обидува власта да ја убеди јавноста дека во државата се живее добро, дека општините се развиваат, реалноста на терен е поинаква – граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека со оваа власт не се заштитени и живеат полошо од претходно.
„Граѓаните се разочарани и знаат да казнуваат. ВМРО-ДПМНЕ имаат страшен пад во гласовите на анкетите. За само една година, нова влада која што дојде на власт со толкаво мнозинство на гласови да има таков пад – близу 100.000 гласа, тоа значи дека граѓаните знаат, не можеш да ги прелажеш“, порача претседателот на СДСМ.
Филипче потенцираше дека државата мора да се врати на вистинскиот пат и дека СДСМ е подготвен да го предводи тој процес со одговорна и транспарентна политика.
„Ако ние не се обединиме, ако не застанеме заедно, како што стоиме тука во Радовиш, државата нема да ја биде. Ќе бидеме тешка периферија на Европа, ќе бидеме под руско влијание и само ќе не задолжуваат, а парите ќе ги враќаат следните генерации“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„За жал, имаме работа со ненародна влада која што не се грижи ниту за граѓаните, ниту за државата. Една влада која што има комплетно друга стратегија – да ја запре државата на патот кон Европа. Посегнаа по огромни кредити од 8 милијарди евра, кои сакаат да ги трошат нетранспарентно, во договори со четири очи“, рече Филипче.
Говорејќи за економската состојба, Филипче посочи дека власта нема никакво чувство за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Додека трошоците за живот постојано растат, платите стагнираат, а семејствата едвај врзуваат крај со крај.
„Се фалат со раст на платите, а инфлацијата одамна ги има изедено. Владата е затворена за гласот на народот, не сака да ги прими граѓаните, нема комуникација со синдикатите, со работниците. Единствено имаат контакт со големите компании и комори. Деновиве го видовме тоа со лозарите – ниту ги слушаат, ниту им излегуваат во пресрет. Луѓето вложуваат огромен труд, а потоа грозјето не можат да го продадат по реална цена, туку им ја намалуваат”, рече Филипче.
На средбата тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ води политика на манипулации, презема туѓи проекти и се обидува да ги претстави како свои, без да понуди реални, свои проекти.
„Оваа влада, владата на ВМРО-ДПМНЕ, се фали со проекти кои што не се нејзини, манипулира со бројки и тврди дека има некаков економски раст – фиктивен раст кој постои само на хартија. Тој раст граѓаните не го чувствуваат“, истакна Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги турка граѓаните…
После четири години од мандатите на градоначалниците…
ВМРО-ДПМНЕ одговара во име на АНБ: Не…
„СДС блефира и свесно бара нешто што…
Не се изгласа пакетот закони поднесен од…
Власта е глува пред крикот на младите…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност…