Филипче ги повика партиите на создавање на надетничка и наднационална платформа
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конфереција повика на обединување на партиите во надпартиска,наднационална и надетничка платформа која ќе биде во служба на граѓаните.
„Во изминативе шест месеци слушавме секакви понуди на национални платформи, но жално е како партиите од власта терминот за обединување всушност го користат за политички поделби. Но СДСМ никогаш не била и нема да биде неконструктивна опозиција. Јас давам реална понуда, а не лажна за поделби. Ги повикувам да создадеме заедно државна стратегија која ќе биде надпартиска,наднационална и надетничка. Да создадеме платформа каде сите партии ќе имаат свој придонес и никој нема да ја поседува. Да се обединиме во платформа која ќе гарантира напредок, базирана на реални можности и конретни планови. Ова од нас го бараат граѓаните“, изјави лидерот на социјалдемократите Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…