Филипче: Да ги утврдиме црвените линии за јазикот и идентитетот, времето нè гази
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја претстави Предлог-резолуцијата за заштита на националните интереси, која партијата ја достави до Собранието, опишувајќи ја како „еден од најпатриотските документи“ понудени во изминатите децении. Тој ги повика сите политички партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да покажат зрелост и да седнат на заедничка маса за да се постигне национален консензус за, како што рече, црвените линии на државата.
„Ова е документ кој отвора простор и врата конечно да се постигне национален консензус за нашите црвени линии – за што ние утре нема да преговараме со Европската Унија, доколку се постави такво прашање. Тоа од што луѓето стравуваат во иднина, и тоа се – јазикот, идентитетот, културата и историјата“, изјави Филипче.
Во врска со реакциите на премиерот Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ изрази жалење и нагласи дека сè што е наведено во резолуцијата е прецизно, точно и базирано на претходно донесени собраниски резолуции.
Филипче упати апел до сите партии да се издигнат над дневната политика за време на кампањата и да разговараат за овој документ, бидејќи, како што рече, „времето сериозно не гази, а регионот оди напред“. Тој истакна дека СДСМ е подготвен на конструктивен дијалог и дека „апсолутно“ би прифатил и резолуција предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, предлогот на СДСМ е различен од претходните бидејќи содржи хронологија на веќе донесени одлуки, претставува повик за заедничка работа и нуди јасна временска рамка за уставните измени и отворањето на поглавјата со ЕУ. Целта е, како што рече, да се испрати заедничко писмо до Брисел со кое Унијата ќе биде јасно информирана кои се македонските црвени линии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Да ги утврдиме црвените линии за…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја…
Илон Маск и принцот Ендру спомнати во…
Илон Маск и британскиот принц Ендру се…
Пациентка со рак бара помош: „Нема хемотерапија…
Повторно недостиг на хемотерапија во државната Клиника…
По колапсите во регионот, енергетичарите алармираат за…
Неодамнешните големи распади на електроенергетските системи во…
Движење Слободни и независни: ВМРО-ДПМНЕ може да…
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Владимир Куновски,…