Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме силна држава во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива
Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност, пишува на социјалните мрежи, претседателот на СДСМ, Д-р Венко Филипче, по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво.
Неговата порака за “светот како поле за културен натпревар на народите“ и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација.
Во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика. Да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме напредна, праведна, демократска и економски силна држава, во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива.
Нека е вечен споменот на великанот Гоце Делчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев,…
Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на…
Молкот на власта за скандалот со 5…
Втор ден по ред власта молчи за…
СДСМ и Мицкоски со ист став: Украденото…
„Во време кога во буџетот недостасуваат 2…
СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога…
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше…
Филипче: Оваа Влада нема да издржи до…
Економска криза, избори, па „мигранти за пари“…