Филипче за 100 дена влада: Неисполнувањето на големите ветувања, носи и големи разочарувања
„Мицкоски ветуваше професионална администрација, мерит систем, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција. Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди. Досега, не исполнија ништо овие ветувања. А неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 години влада.
Тој додаде дека добивме Влада од која слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.
„Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“ рече Филипче.
Тој додаде дека за прв пат по седум години платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари, како и дека нема покачување на минималната плата, која би изнесувала 450 евра доколку СДСМ беше на влст.
„Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместа 12% кои ги планирапе СДСМ. Се случува целосна деградација на работниците и нивните права. За жал, се враќа политиката на евтина работна сила“ рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче за 100 дена влада: Неисполнувањето на…
„Мицкоски ветуваше професионална администрација, мерит систем, повисоки…
Дојава за бомба во два трговски центри…
Два трговски центри во Белград денеска добиле…
Австралијанец пронајден починат во куќа во битолско
На 30.09.2024 во 09.55 часот во СВР…
Зеленски се надева на ефикасна соработка со…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…
Го затруле цело училиште: Во бомбици послужени…
Од мострите храна земени од ООУ „Ѓорѓија…