Филипче има решение за 600 евра плата: Помалку луксуз – поголеми плати за работниците

t

Дозволете да се обратам на две теми, прво Предлог-Законот за минимална плата којшто го поднесовме во Собранието, затоа што ги гледаме ставовите пораките коишто доаѓаат од владата. Имено стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години.Соочени со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина, изјави во денешната прес-конференција Претседалот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Д-р Венко Филипче.

Тоа барање кое што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците. Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики, рече Филипче.

Имено континуирано растеше минималната плата за време на мандатот на владата на СДСМ. Тогаш кога имаше протести или протести во најава, тогашната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ тие ги поддржуваше, а сега кога има можност и кога треба платите да им ги зголеми, тоа не го прави. И тука на површина освен што излегува конзистентноста на нашите политики, излегува на површина и нивното лицемерие. Ништо не прават за да го подобрат стандардот на граѓаните.

Не може да има пари само за луксузирање, за 161 тендер за една фирма, за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, за една мала група на луѓе околу врвот на власта а сите други да страдаат во државата.

Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците.
Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата.

Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците.

Понатаму, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 – субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите.

И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците.

Помина скоро пола мандат од оваа влада, еве веќе е месец февруари. Во првите две години од владата на СДСМ до 2019 година, социјалната помош се зголеми за 300% од 3.000 на 11.700 денари, значи пари може да се најдат. Понатаму минималната плата за 60% во првата половина од мандатот, од 8.000 на 14.500 денари се зголеми. Во здравството во првата половина од мандатот платите на докторите практично се дуплираа, преку основно зголемување на 40% и повеќе од триплирање на сумата која што докторите зимаат и медицинските сестри за дежурство и надоместоци за ноќните смени.

Значи, ако се сака ако си има вистинска желба, волја ако се има идеја да се излезе во пресрет на потребите вистински на граѓаните во Буџетот има средства да се најдат и еве како тоа сметам дека може да се направи, додава Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче има решение за 600 евра плата:…

Дозволете да се обратам на две теми,…

Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев,…

Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на…

Молкот на власта за скандалот со 5…

Втор ден по ред власта молчи за…

СДСМ и Мицкоски со ист став: Украденото…

„Во време кога во буџетот недостасуваат 2…

СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога…

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше…