Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

t

„Состојбата апсолутно излегува од контрола,“ реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Фејсбук поради серијата пожари кои ја потресуваат државата и главниот град.

Во изминатите денови, Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа: „За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,“ предупреди Филипче, нагласувајќи дека главниот град дише канцерогени материи, а институциите се потполно нефункционални.

„Скопјани се трујат во канцерогени материи,“ истакна тој, по новиот пожар во фабриката за акумулатори во Трубарево. Филипче потенцира дека не се работи за изолирани инциденти, туку за опасен системски хаос.

„Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре,“ напиша Филипче, алудирајќи на несоодветниот одговор на власта и институционалната парализа која ја остава јавноста незаштитена и изложена.

На крајот, Филипче алармира:

„Македонија веќе е опасно место за живеење“

(ВИДЕО) Чадот од отпадот кој гори во „Нула Отпад-Скопје“ може да биде фатален по животот на луѓето!

СКОПЈЕ КАКО ЧЕРНОБИЛ: Цел град е во чад, голем пожар во Вардариште

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори „Дрисла“ и Градска депонија во Крушево

На ден 13.09.2025 година, до 12:00 часот,…

Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…

Пожар на Скопска Црна Гора

Вечерва нов пожар во Македонија, гори Скопска…

Дрисла сѐ уште гори – 24 пожари…

На ден 09.09.2025 година, до 20:00 часот,…

Нема активни пожари на отворен простор, 13…

До 21:00 часот на територија на цела…