Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време

t

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е подготвен во кое било време да настапи на избори, вели лидерот Венко Филипче.

Тој вели дека е прилично сигурен оти во земјава ќе има предвремени избори.

„Дали ќе бидат на крајот на оваа година или на почетокот на следната година тоа зависи од неколку фактори“, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Лидерот на СДСМ го повтори она што неколкупати досега го изнесоа од партијата дека оваа Влада е тесно поврзана со авторитарните режими во регионот.

„Оваа влада е тесно поврзана, и ние тоа секојдневно го кажуваме и го аргументираме, со авторитарните режими во регионот – на Орбан и на Вучиќ. Избори ќе има и во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори“, кажа Филипче.

Според Филипче, во земјата има тешка економска состојба, а оваа Влада ја носи државата во амбис.

„Мислам дека конечно на граѓаните им е јасно за каква Влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда, со којашто тие дојдоа на власт во 2024 година, да потсетам со националистичка реторика, со лажна пропаганда дека СДСМ се предавници на националните интереси, ветуваа подобра Преговарачка рамка, а што направија ја изолираа земјата“, додаде лидерот на СДСМ.

И потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска, во гостување во „360 степени“, рече дека се сигурни оти власта се подготвува за предвремени парламентарни избори во текот на оваа година.

Според Тренчевска, многу работи што се случуваат укажуваат на тоа дека власта е спремна за предвремени парламентарни избори, меѓутоа потсети и на практикувањето на власта во минатото на ВМРО-ДПМНЕ, која покажува дека никогаш не истерале еден цел мандат, туку секогаш на втората, третата година – нови предвремени парламентарни избори.

Премиерот Христијан Мицкоски минатиот месец, на брифинг со новинарите, ја отфрли идејата за предвремени парламентарни избори оваа пролет посочувајќи дека годинава е предизвикувачки период за државата во кој треба да се продолжи со реформската агенда, но и да се одржи макроекономската стабилност на земјата.

Против предвремени избори е и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која во телевизиско интервју пред десетина дена рече дека во земјава „имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и дека е добро да се завршат некои од нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Подготвени сме за избори во кое…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е подготвен…

Блерим Беџети од ДУИ: 600 евра не…

Пратеникот и функционер на Демократската унија за…

„Дура“ затвори, „Аптив“ ќе затвори до крај…

Минимум еднаш годишно правиме ревизија на секоја…

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Рокас: Неопходно…

Евроамбасадорот во Скопје, Михаил Рокас, оцени дека…

Форум за разумни политики: В.д. претседателката на…

Форумот за разумни политики (ФРП) денеска го…