Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на прес-конференција по завршивањето на вториот круг од локалните избори, истакна дека резултатите потврдуваат дека СДСМ останува најсилната опозициска партија во државата, нагласувајќи дека овие избори се важна поука и насока за натамошната работа на партијата, како и за нејзиното понатамошно позиционирање во интерес на граѓаните и државата.

„Согласно со изборниот резултат на советничките листи и бројот на гласови, СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Ова е поттик да продолжиме и силно да се бориме против оваа власт, која никогаш повеќе нема да има таква поддршка каква што имаше на изборите минатата година,“ изјави д-р Филипче.

Тој додаде дека резултатите од вториот круг се јасен сигнал за идните чекори на СДСМ и насоката во која ќе се движи партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, секако јасен патоказ и за мене како претседател на партијата,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Забава со ди-џеј и пенливо вино пред…

Пред штабот на Горан Герасимовски на Боемска…

Филипче прогласи победа на СДСМ во уште…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вечерва порача…

Филипче: Масовно излезете во недела, да продолжи…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…

Филипче: Гласањето е најсилниот протест против неспособноста…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на…