Филипче: Со Сашко СДСМ оди на победа во Крива Паланка
Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека СДСМ оди на победа во Крива Паланка со градоначалникот и кандидат на СДСМ за уште еден мандат Сашко Митовски.
Сметам дека Сашко заслужува да биде изгласан од граѓаните на Крива Паланка, истакна Филипче.
-Крива Паланка е, би рекол, единствен град во државата кој претрпе целосна трансформација за време на неговиот мандат. Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката, убав плоштад на којшто може да се прават настани, рече Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека Сашко е прототип за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив, отворен за сите, не прави дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска.
-Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде една голема победа за сите граѓани на Крива Паланка, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Со Сашко СДСМ оди на победа…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека…
Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната…
Филипче: Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно ги туркаат…
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат…
Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо…
„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно…