Филипче: Тошковски да одговори зошто началници од МВР присуствуваат на состаноци на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на дел од државните институции во текот на изборната кампања за локалните избори.
Според него, злоупотребата на институциите е најизразена во Министерството за внатрешни работи (МВР), чии началници присуствуваат на партиски состаноци во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од МВР, кои или ги водат состаноците или се присутни на нив. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, вели тој.
Побара од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.
Апелира и до меѓународните институции да реагираат на оваа појава за време на кампањата за локални избори.
„МВР треба да биде професионална институција, независна, што им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, кажа лидерот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Тошковски да одговори зошто началници од…
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче,…
Фон дер Лајен следната недела во посета…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Мицкоски тврди дека во политиката влегол чесно…
Го слушам Венко Филипче како зборува дека…
Васил Јованов пред Апелација бара намалување на…
Возачот Васил Јованов кој во мај ја…
Исчезна 12-годишно девојче од Скопје
На 05.10.2025 во СВР Скопје, Е.Љ. од…