Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.
Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.
Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.
„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.
Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Ќе соработувам со сите за да…
„Ќе соработувам со сите за да се…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешниот…
СДСМ и Левица ја поздравија одлуката на…
Кризата со jавниот превоз во Скопје која…
Митрески: Владата со буџетот ги зголемува глобите…
Со новиот буџет на владата планирани се…
СДСМ: Владата ја крати помошта за домашните…
Социјалдемократскиот сојуз во соопштение вели дека Владата…