Филип Кузмановски се враќа во Еурофарм Пелистер
Македонскиот ракометен репрезентативец и голгетер Филип Кузмановски (27 г.) се врати и повторно ќе настапува во матичниот клуб РК Еурофарм Пелистер.
Управата на клубот соопшти дека со доаѓањето на Кузмановски во клубот продолжува процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни засилувања кои ќе настапуваат во Битола.
Како што е познато, Филип Кузмановски својата ракометна кариера ја почна во Пелистер, продолжи во Металург, настапуваше за Еурофарм Работник, а во Германија го носеше дресот на Магдебург, Хановер и Вецлар.
Првиот настап во РК Еурофарм Пелистер, Кузмановски ќе го има на 20 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…
Тажна вест: Планинар од Скопје починал на…
Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството…
Кил се измачи за да ги освои…
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот…
Пронајден мажот кој исчезна на патот Битола-Пелистер
Во текот на вчерашната вечер (16.05.2023), по…
(Фото) “Комити” и “Чкембари” приредија навивачки спектакл…
Екипите на Пелистер и Вардар играат дерби, а иако тоа е…