Филков го осудува палењето на куќата на Пандов: Правда мора да има и ќе има
Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на УИС, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков и додава:
„Правда мора да има и ќе има“.
Директорот за управување санкции, Александар Пандов, вчеравечер во 18:45 часот пријавил дека ја нашол неговата викенд куќа изгорена. Од снимките може да се види дека таа е целосно пеплосана, а од нејзе не излегува ниту чад, ниту пак има присуство на Противпожарна бригада – што упатува на тоа дека истата била запалена можеби и денови претходно. Според пријавата, станува збор за објект кој не се користел цело време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско…
Запалена е куќата на директорот на Управата…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…