Филмовите и автомобилите на Џејмс Дин: Од љубов, преку пасија, до зависност

t

Светски икони – мода, филм, музика, стил(12.1)

Филмовите и автомобилите на Џејмс Дин: од љубов, преку пасија, до зависност

Џејмс Дин беше златното момче на Холивуд. Жива легенда и фраер по кого жените воздивнуваа и чезнееја. Страста по моторцикли и брзи автомобили го чинеше живот. Возејќи го своето “Порше“ доживеа морничава смрт. Имаше 24 години кога загина во сообраќајката што ја направи на 30 септември 1955г. Тој физички замина од овој свет, ама смртта ја зацврсти неговата слава и местото на икона на стилот број еден.

Џејмс Дин е роден во градчето Марион, Илиноис, САД. Како дете бил близок со својата мајка Милрад, која кога имал 9 години починала од рак. Загубата на родителот Џејмс тешко ја поднел, и подоцна изјавува дека само таа го разбирала. Со татко му не бил близок и постепено се одалечувал од него, особено кога го дал на живеење и чување на вујко му и неговата жена. Студирал право, кое никогаш не го завршил бидејќи открил дека има талент за актерство, кое за кратко време ќе го направи најголема филмска ѕвезда и легенда. Иако во јавноста имал имиџ на бунтовник, тој во приватниот живот бил многу повлечен, тих, со чувство на несватеност и не прифатеност од средината. Бил вљубен само во една жена – актерката Ана Марија Пјеранџели, со која ја прекинал врската под влијание на нејзината мајка, која не го оправдувала неговиот животен стил, начинот на однесување и брзите автомобили. Ама тој немаше намера да се менува, бидејќи едностано само така беше свој.

А токму тој став на Џејмс Дин кон животот или поточно стилот на живеење безусловно беше прифатен од младината на САД, која беше заситена од зачмаеното општество, па така се роди бунтовништвото без причина. Неговиот стил и став кон животот не се огледаше само во неговата појава и во облекувањето. Многу битно, најбитно беше неговото дејствување во реалниот живот, однесувањето кон останатите, т.е. како им се обраќаше на луѓето. Со неговото однесување и зборување тој создаде голема енергија, која подоцна во рамките на хипи-движењето, прерасна во огромна активирачка синергија од која се изроди младешкиот бунт во САД и пошироко во светот, бунт кој ѝдадепоттикнамладатагенерацијадаусвоиновсветоглед, вочијаосновабеасамостојноста, независноста, слободата, храбростаиодлучностаживототдагоградатспоредсвоисфаќања, потреби и желби.

Така и на тој начин, тој, Џејмс Дин, младото момче од периферијата на општеството, од маргиналец, прерасна во бунтовник, предводник на младата генерација, која најпрвин го восприемаше како филмска ѕвезда, која прерасна во харизматична икона, а по ненадејната и прерана смрт, стана легенда. Легенда која еве трае и денес, повеќе од 67 години.

Тоа е една мала вечност, која најверојатно ќе стане голема и трајна. Дали е така?

Ќе се обидам да одговорам преку споредбата со исто така еден големец – Марлон Брандо. И Брандо добро глумеше и беше одличен во улогата на млад бунтовник. Но, разликата со Дин е во тоа што тој, за разлика од Брандо, не глумеше. Неговото актерство во филмовите беше слика за него самиот – осамена и изгубена личност. Во тоа е разликата во однос на Марлон Брандо. Затоа можеме да кажеме дека Џејмс Дин е, а како што стојат работите, и вечно ќе остане, вистински, реален и уверлив портрет на несфатената генерација. И за крај, единствениот точен одговор на прашањето: “Кој е Џејмс Дин?’” е: Неодоливиот бунтовник без причина, бунтовникот кој го промени светот.

Во својот краток живот одглуми само три главни улоги во филмовите “Бунтовник без причина”, “Источно од рајот” и “Џин”. Во овие три филма тој оствари невиден перформанс, без разлика дали станува збор за привлечноста на авантурата и желбата за слобода во “Бунтовник без причина”, работата и одговорноста кон  неа и кон животот во “Источно од рајот” и богатството и помешаниот систем на вредности во “Џин”. Покрај љубовта кон филмот имаше уште една голема љубов кон убавите автомобили и брзото возење. Тој просто обожавал брзи автомобили и брзо возење, па дури и учествувал на авто-трки.

Неговото животно мото, напред споменато, “Живеј брзо, умри млад и биди убав леш”, го чинеше и живот бидејќи загина во сообраќајна несреќа со своето поршеСпајдер 550, само 15 минути откако доби и плати казна за пребрзо возење. Неговата смрт фрли во очај илјадници негови обожавателки низ светот. Познатата сцена од “Бунтовник без причина” во која Џејмс Дин потпрен на  мотор, пали цигара и незаинтересирано гледа во камерата со подигната веѓа во рокабили фазон, заслужено влезе и остана во антологијата на светскиот филм.

Тој таков, млад, убав, згоден и привлечен во полна сила и енергија, загина онака како што живееше – кршејќи ги правилата. Тоа беше причина повеќе младите да го прифатат и да го слават како своја икона,така што тој стана незаборавен. Доказ за тоа е дека многу години по неговата смрт тој и понатаму е идол на денешните млади генерации и објект на интересирање на популарната култура. На заводливиот поглед на Џејмс Дин, успеа да му се приближи само Бред Пит, а неговата сексуалност и магнетна привлечност сè уште никој не ја достигнал.

Тој е единствен актер кој двапати постхумно е номиниран за Оскар, а вел врз мистеријата над неговиот лик оставаат и  најновите резултати на последната истрага на сообраќајката во која тој загина  кои укажуваат на фактот дека сообраќајката и не се случила само поради преголемата брзина. Како и да е Џејмс Дин како неодолив бунтовник без причина и понатаму останува бренд број еден од холивудските и светските височини на филмската индустрија, кој го паметиме по една од најкратките, но најспектакуларна кариера во историјата на филмот.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ