Филмски грабеж во Куманово: Му украле повеќе од 3.700.000 денари од автомобил
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, како што информираат од Jавното обвинителство, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и нивен 28-годишен роднина, го сториле делото на 23 февруари во Куманово, кога со употреба на сила одзеле поголема сума пари од едно лице од Ваксинце. Тие го чекале оштетениот пред маркет во автомобил без регистарски ознаки.
– Кога оштетениот дошол до неговото возило паркирано во близина, тројцата осомничени го нападнале и го удриле по главата, нанесувајќи му повреда од која изгубил свест. Од багажникот на автомобилот тие одзеле две црни торби со пари во различни валути и апоени и тоа: 45.000 евра, 13.000 швајцарски франци, 150.000,00 денари, 60.000,00 српски динари, 40.000.00 албански леки, 100 бугарски лева, 800 хрватски куни и 300 турски лири, по што веднаш побегнале кон Скопје. На овој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 3.745.000 денари, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…
35-годишен скопјанец донесен починат во „8. Септември“
Министерството за внатрешни работи информира дека 35-годишен…
Поранешни сопружници се степале и двајцата пријавиле…
– Во средата, во 17.19 часот во…
Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
52-годишен жител на Богданци обвинет за силување…
Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници…