ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ во Лешок! Со фантомка и автоматска пушка ограбил казино!
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.
На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.
На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Ограбено казино во Центар!
Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР…
Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…
Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…
ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ во Лешок! Со фантомка и…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила
Жител на Струга во вторникот лажно ја…