Филмски инцидент во Аеродром: Млад скопјанец попречен во сообраќајот, па насилно влечен
Инцидент се случил на сообраќајница во скопски Аеродром изминатата сабота.
Како што соопштија од полицијата, на 24.05.2025 во 16.54 часот во СВР Скопје, А.Т.(30) од село Инџиково, скопско пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека се движел со товарно возило, три лица кои биле со патничко возило му го попречиле патот, при што едното лице физички го нападнало, додека другите две со употреба на физичка сила се обиделе да го извлечат од возилото. Откако успеал да им побегне, истите го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…