Филозофска мисла на Османи: Нашата иднина е во рацете на младината
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Јордан ја отвори овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, соопштија од МНР.
Во воведното обраќање, министерот Османи се осврнал на споделените безбедносни предизвици со кои се соочуваат земјите од Медитеранот и земјите учеснички на ОБСЕ. Тој упатил на агресијата од страна на Руската федерација врз Украина и силното влијание врз политичките и безбедносните процеси врз регионот на ОБСЕ и земјите од Медитеранот.
– И покрај тоа што нашите заеднички напори да ја запреме агресијата врз Украина во моментот не вродуваат со плод, во светло на воинственото лице на Руската федерација, ова не е време за дефетизам, туку активен ангажман. Ние мора да најдеме начин да ги намалиме болката и тежината на агресијата, со силен фокус врз луѓето кои страдаат и имаат потреба од поддршка. Треба да го искористиме овој форум за да повторно ја подвлечеме безбедносната меѓузависност меѓу двата региона, тој на ОБСЕ и Медитеранот, конструктивно и во духот на вистинско партнерство – споделени приоритети кои задираат во животите на сите наши граѓани, истакнал министерот Османи, стои во соопштението од МНР.
Тој упатил на важноста од спроведување на националните агенди во функција на поддршка и зајакнување на младите, жените, справувањето со ефектите на климатските промени и борбата против трговијата на луѓе. Подвлекол дека овие теми ќе бидат дел од приоритетната агенда на нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година.
– Нашата младина веќе ги чувствува сините ефекти од климатската криза. Тие треба да бидат на браникот во справувањето со овие феномени во годините што доаѓаат. Нашата иднина ќе биде во нивни раце и ние мора да создадеме предуслови за нивна ефикасна акција и делотворен ангажман, нагласил министерот Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…