Финансиските пазари во колапс: Берзите во вртоглав пад по нападот на Русија врз Украина

t

Клучниот индекс на главната руска берза падна за 20 насто по одложеното отворање, бидејќи инвеститорите стравуваат од ефектите од западните санкции по одлуката на Москва да ја нападне Украина. Индексот РТС беше намален за 20,16 проценти на 24 февруари по повторното отворање по суспензијата спроведена од властите. Рубљата падна за повеќе од 9 насто на девизните пазари, што ја натера руската централна банка да интервенира за да ги „стабилизира“ пазарите. „За да се стабилизира ситуацијата на финансискиот пазар, Банката на Русија одлучи да започне интервенции на девизниот пазар“, се вели во соопштението на централната банка.

„Банката на Русија ќе обезбеди одржување на финансиската стабилност и континуитет на работењето на финансиските институции, користејќи ги сите потребни алатки“, се вели во извештајот во кој се додава дека другите финансиски институции „имаат јасни акциони планови за секое сценарио“. Берзите ширум светот, исто така, остро паднаа рано на 24 февруари, бидејќи стравувањата од економски нарушувања ги погодија пазарите. Цените на нафтата се искачија на над 100 долари за барел, што е нивно највисоко ниво од септември 2014 година, поради загриженоста за прекин во снабдувањето доколку западните санкции влијаат на извозот на руската нафта. Цените на златото и јапонскиот јен – традиционалните засолништа среде глобалните неизвесности – исто така скокнаа повисоко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…